Свет Балкан Во Турција запленети 24 појаси за самоубиствени напади

Во Турција запленети 24 појаси за самоубиствени напади

Во Турција се уапсени четворица осомничени припадници на Исламска држава за кои полицијата смета дека планирале да изведат „сензационален напад“.

Како што јавуваат турските медиуми, осомничените, чија националност не се открива, се уапсени за време на операција во Газиантеп, во близина за границата со Сирија.

Запленети се 24 појаси за самоубиствени бомбашки напади, секој од нив наполнет со 15 килограми експлозив, две автоматски пушки и друго.

Во текот на минатата година, Турција беше мета на серија напади изведени од припадници на Исламска држава и на курдски милитанти.

Минатата недела во 29 турски општини беа изведени полициски акции, при кои беа уапсени 750 лица, за кои се верува дека се поврзани со ИД.