Свет Во три самоубиствени напади во Ирак, 40 загинати и 140 повредени

Во три самоубиствени напади во Ирак, 40 загинати и 140 повредени

Повеќе од 40 лица загинаа, а околу 140 се повредени во три самоубиствени напади во Ирак, додека владините сили напредуваат во борбата за преземање на Мосул од Исламска држава, соопштија денеска ирачките сили.

Милитантите презедоа одговорност за два напади во Багдад, додека третиот бил во Хито, град околу 200 километри од главниот град на Ирак.

Светиот месец Рамазан, кој почна во саботата, често е обележан со напади, особено доцна навечер кога граѓаните излегуваат на прошетка. Минатата година на Рамазан беа убиени речиси 300 лица.

Меѓународната заедница веднаш ги осуди нападите во Ирак.