Свет Во три експлозии во Дамаск загинаа 45 луѓе, повеќе од 100 се...

Во три експлозии во Дамаск загинаа 45 луѓе, повеќе од 100 се повредени

Најмалку 45 луѓе денеска се убиени, а 110 ранети во три експлозии на бомби во близина на шиитска џамија, јужно од престолнината Дамаск.

Една од двете експлозии е предизвикана од автомобил-бомба, а причините за другите експлозии засега не се познати.

Сириската државна телевизија јави дека се случиле две терористички експлозии од кои едната е предизвикана од автомобил-бомба, додека другата ја предизвикал бомбаш-самоубиец.

Во џамијата „Сајида Зеинаб“ се наоѓа гробот на внукот на пророкот Мухамед и ужива големо почитување кај шиитските муслимани.

Таа џамија и претходно беше мета на напад, во февруари 2015 година, кога двајца бомбаши-самоубијци извеле напади при кои загинале четири лица, додека 13 беа повредени.