Свет Во терористички напад во Тикрит, 26 лица загинаа

Во терористички напад во Тикрит, 26 лица загинаа

Најмалку 26 лица загинаа во терористичкиот напад во Тикрит, додека повредени се повеќе од 40, соопшти локалната полиција.

Меѓу настраданите во нападот, извршен северно од Багдад, има и 14 полицајци.

Засега сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот.