Свет Свет Во Тексас е пронајден еден од најголемите извори на нафта и на...

Во Тексас е пронајден еден од најголемите извори на нафта и на гас

Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека негови тимови ги откриле едни од најголемите резерви на нафта во Тексас.

Во соопштението е наведено дека на подрачјето Мидланд на западот на Тексас има околу 20 милијарди барели нафта, кои се погодни за експлоатација.

Овој институт наведува дека овие резерви на нафта се трипати поголеми од тие што во 2013 година беа откриени во Дакота и во Монтана.

За да се дојде до таа нафта, потребна е примена на напредна хидраулична технологија.