Свет Свет Во судир во Камбоџа загинаа 16 лица

Во судир во Камбоџа загинаа 16 лица

Најмалку 16 текстилни работници настрадаа, а околу 15 денеска се повредени во Камбоџа, во судир со комбе и со автобус.

Повеќе од 30 работници со комбиња тргнале кон фабриката во која работат, а во автобусот биле туристи од Виетнам, меѓу кои нема повредени.

Несреќата во провинцијата Сај Ријенг, во близина на границата со Виетнам, се случила кога автобусот, во обид да претекне возило, удрил во комби кое доаѓало од спротивен правец.