Свет Во судир на кинески бродови исчезнаа 17 лица

Во судир на кинески бродови исчезнаа 17 лица

Седумнаесет лица исчезнаа во Источното Кинеско Море откако кинески рибарски брод се судри со странски товарен брод и потона, соопшти кинеската крајбрежна стража.

На рибарскиот брод, во моментот на несреќата се наоѓале 19 лица, а двајца од нив биле спасени од рибарски бродови кои биле во близина.

Во тек е спасувачка акција за пронаоѓање на исчезнатите.