Македонија Во среда лидерска средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Во среда лидерска средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

На средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се одржи во среда (7 јуни) од 11 часот во Клубот на пратеници. Од владината прес-служба информираат дека средбата ќе се одржи на покана на премиерот Ковачевски.

„На средбата, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“, стои во владиното соопштение.