Свет Балкан Во Србија од вторник забраната за движење ќе трае еден час помалку

Во Србија од вторник забраната за движење ќе трае еден час помалку

Од вторник во Србија полицискиот час ќе трае еден час пократко, односно наместо од 17 часот во работни денови, ќе трае од 18 часот па до 5 часот следното утро, најави српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на телевизијата „Пинк“ вчера.

На постарите лица ќе им биде овозможено по половина час прошетка во периодот од 18 до 1 часот по полноќ во вторник, петок и недела, а ако ситуацијата дополнително се подобри, од следниот понеделник тие ќе имаат право да шетаат по половина час секој ден, порача Вучиќ.

Српскиот претседател рече и дека секој полнолетен граѓанин ќе добие по 100 евра на 11 или 12 мај, налик на мерките што ги спроведуваат други земји, како Јапонија, Сингапур и Хонг Конг.

Според него, од вторник ќе може да почне да работат градежните работници, занаетчиски дуќани и сервисерите, освен оние во тргоговските центри. Од следниот понеделник се очекува да почнат да работат и салоните за убавина, фризерите и теретаните, но со севкупната потребна заштита.