Свет Европа Во сообраќајна несреќа во Франција загинаа 42 лица

Во сообраќајна несреќа во Франција загинаа 42 лица

Најмалку 42 лица загинаа во директен судар на камион и на автобус на југоистокот на Франција во Лилбурн, во областа Жиронд, а властите наведуваат дека е можно бројот на жртвите да се зголеми.

Според најновите податоци, во несреќата има осум преживеани, од кои пет се полесно повредени.

Како што наведуваат локалните медиуми, двете возила се запалиле веднаш по сударот.

На местото се наоѓаат 60 пожарникари, чиј претставник наведе дека жртвите, главно, се постари патници од автобусот и возачот на камионот.