Хроника Во сообраќајка кај гостиварското село Неготино едно лице го загуби животот

Во сообраќајка кај гостиварското село Неготино едно лице го загуби животот

Во сообраќајна несреќа, загина 56-годишен жител од гостиварското село Неготино. Несреќата се случила попладнево, на излезот од Гостивар, во близина на Здуњски мост.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, се судриле автомобил марка „бе-ем-ве“ со гостиварски регистарски таблички и камион со приколка со тетовски таблички.

Од ударот, на местото на несреќата починал возачот на автомобилот, а 36-годишниот жител на Тетово, кој го управувал камионот, со телесни повреди е пренесен во гостиварската болница.

Полицијата и јавното обвинителство, веднаш по сообраќајката, извршиле увид на местото на несреќата и се работи на целосно расветлување на случајот.