Македонија Во Собранието денеска ќе се гласа за заменик-министрите

Во Собранието денеска ќе се гласа за заменик-министрите

Петтата седница на Собранието на Република Македонија, почната вчера со обемна агенда, продолжува денеска, а на дневен ред е и изборот на заменик-министрите во Владата предводена од Зоран Заев.

Пред гласањето за министрите, на дневен ред се годишни извештаи за 2016 година на државни совети, комисии или агенции, меѓу кои и на Комисијата за спречување на корупцијата, како и извештајот за работата на Судскиот буџетски совет и за реализацијата на судскиот буџет минатата година.