Свет Балкан Во Словенија регистриран сомнителен случај на ебола

Во Словенија регистриран сомнителен случај на ебола

Лице со сериозни симптоми на ебола е хоспитализирано во клиничкиот центар во Љубљана, соопшти денеска директорот на љубљанската Инфективна клиника, Франц Стрле.

Стрле соопшти дека станува збор за словенечки државјанин кој претходно престојувал во африканска држава и оти неговата здравствена состојбата во моментов се оценува како стабилна.

Словенечките медиуми јавуваат дека првичните резултати од анализата би можело да бидат готови во текот а денот, а финалните ќе бидат познати за неколку дена.