Свет Балкан Во Словенија ќе се одржи референдум за хомосексуалните бракови

Во Словенија ќе се одржи референдум за хомосексуалните бракови

Политичарите на Европската унија, вклучувајќи ја и европската комесарка Виолета Булц, ја повикаа Словенија да ги поддржи истополовите бракови непосредно пред гласањето на референдум, кој би можел да го урне контроверзниот закон за брачна рамноправност.

Гласачите одлучуваат дали да го поддржат законот донесен во март за признавање на хомосексуалната заедница. Резултатите од реферндумот ќе бидат познати в недела.

Доколку земјата ги поддржи хомосексуалните бракови, Словенија ќе стане првата централноевропска, словенска и посткомунистичка држава што ќе прифати таков чекор.

Наспроти неа, повеќе од 10 земји на Западна Европа веќе имаат истополови брачни закони.

Политичарите на ЕУ, ја повикаа јавноста да го дадат својот глас за легализација на истополовите бракови.

Најмалку 20 проценти од избирачите 343.104, треба да излезат на референдум за тој да биде валиден, а повеќе од половина од тие што гласаат, треба да се изјаснат против за законот да биде сменет.