Свет Балкан Во Словенија илегално влегле 1.100 мигранти

Во Словенија илегално влегле 1.100 мигранти

Словенечката полиција соопшти дека утрово, од Хрватска во Словенија илегално влегле повеќе од 1.100 бегалци. Тие биле сместени во прифатните центри, јавува словенечката агенција СТА.

Според словенечките официјални лица, оваа бројка на бегалци не е конечна.

Исто така, десетици бегалци се повредени синоќа, кога словенечката полиција фрлила солзавец врз групата бегалци кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на границата меѓу Хрватска и Словенија, јавуваат хрватските медиуми.

Полицијата употребила солзавец против 500 агресивни мигранти.

Накратко дошло до судир меѓу полицијата и бегалците, а со спреј биле испрскани и активистите кои се собрале на граничниот премин, кои барале од словенските власти да ги пуштат бегалците на нивна територија.

На бегалците и на активистите им била пружена лекарска помош.