Македонија Во сите ковид центри се лекуваат 594 пациенти од ковид-19, има околу...

Во сите ковид центри се лекуваат 594 пациенти од ковид-19, има околу 520 слободни кревети

Фото: Арбнора Мемети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство и додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи.

Во ковид центрите низ земјава се лекуваат вкупно 331 пациент, при тоа во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти, во Штип 37, на инфективното одделение во Тетово има 20, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 43 пациенти. Во ковид центарот во Охрид лежат 45 пациенти, во Прилеп 19, во Гостивар 18, а во Струга има 21 болен. Во се хоспитализирани  23 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти, а вкупно 263 лица од ковид-19 се лекуваат на сите инфективни оддели. На интерните клиники имало 8 нови приеми, во „ГОБ 8 Септември“ 5, а на Инфективната клиника 9 нови болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 15 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 20 пациенти, на неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 89, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, а на ГАК две пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 93 слободни места, информираат од Министерсвото за здравство.