Видео Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел на светот

Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел на светот

Во Швајцарија ќе се отвори најдолгиот тунел во светот именуван како „Готар“ кој ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзе централниот кантон Ури со југот на земјата.

Тунелот е долг 57 километри, изградбата чинела околу 12 милијарди швајцарски франци, а го граделе 2.400 работници.

Со неговата изградба, патувањето од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.

Тунелот „Готар“ ќе го престигне јапонскиот тунел „Сеикан“ кој со должина од 53,9 километри до сега беше најдолг на светот.

Официјалното отворање на тунелот е планирано за 1 јуни.