Свет Европа Во Шпанија уапсени девет исламистички милитанти

Во Шпанија уапсени девет исламистички милитанти

Во Каталонија утрово имало акција против исламистички милитанти, во која се уапсени девет лица, соопшти локалната полиција.

„Уапсените, меѓу другото, се товарат и за припадност на терористичка организација“, изјави портпаролот на каталонската полиција.

Шпанските власти од почетокот на годинава уапсиле триесетина луѓе поради сомневање дека се занимаваат со милитантни активности. Овие апсења се дел од поголема акција за спречување на радикализирањето на младите муслимани и на нивното заминување во Сирија и во Ирак за да им се придружат на џихадистите или за да вршат терористички напади во Шпанија.