Свет Во самоубиствен напад на свадба во Ирак убиени 26 лица

Во самоубиствен напад на свадба во Ирак убиени 26 лица

Најмалку 26 лица загинаа во двојниот самоубиствен напад за време на свадба во село северно од Багдад, соопшти ирачкото министерство за одбрана.

Двајца бомбаши синоќа дошле на свадба во село во близина на градот Тикрит и ги активирале експлозивите.

Во нападот се ранети 25 лица, соопшти Министерството.

Никој засега не ја презеде одговорноста, но се сомнева дека зад нападот стои Исламска држава, која и претходно има изведувано слични напади.