Свет Во Сахара пронајдени тела на 34 мигранти

Во Сахара пронајдени тела на 34 мигранти

Во нигерскиот дел од Сахара, во близина на границата со Алжир, се пронајдени тела на 34 мигранти, меѓу кои 20 деца, соопштија властите на Нигер, додавајќи дека најверојатно починале од жед откако криумчарите ги напуштиле.

Министерот за внатрешни работи, Базум Мухамед, соопшти дека се пронајдени тела на девет жени и на пет мажи, додека другите се деца.

Се претпоставува дека лицата починале во периодот меѓу 6 и 12 јуни. Засега се идентификувани само две лица кои се државјани на Нигер.

Температурата во оваа област достигнува и до 42 Целзиусови степени, а голем проблем претставуваат и песочните бури.