Свет Балкан Во рудничка несреќа во Србија загинаа 8 рудари, 20 се повредени

Во рудничка несреќа во Србија загинаа 8 рудари, 20 се повредени

Фото: принтсркин од РТС

Во рудничка несреќа што се случи рано утрово во рудникот „Соко“ (Сокол), кај Сокобања, при уривање на дел од јама, животите ги загубиле 8 рудари, 20-тина се повредени, а дел од нивните колеги и натаму се затрупани, јави српскиот радиодифузен сервис РТС, повикувајќи се на директорот на Здравствен дом Алексинац.

Во Општа болница Алексинац се примени 18 подредени рудари – 15 од нив со полесни повреди, двајца со повреди на лакотот, а еден со скршени пет ребра, но сите се вон животна опасност.

Во смената во рудникот за јаглен кога се случила несреќата имало 49 рудари, главно од околината на Алексинац.