Свет Европа Во Прага запрен железничкиот сообраќај поради дојава за бомба

Во Прага запрен железничкиот сообраќај поради дојава за бомба

Во Прага е запрен сообраќајот и евакуирана е железничката станица поради дојава за бомба во возот кој требал да тргне од Прага за Пардубице. Сепак пиротехничарите на крајот не пронашле експлозив.

Полицијата прво го евакуирала само перонот на кој стоел возот за Пардубице, но изненадно наредила да се запре целиот сообраќај, а станицата да се евакуира.

– Возовите прво нормално доаѓаа и поаѓаа. Луѓето не смееа да бидат на перонот повеќе од неопходното. Во возовите беа пуштани непосредно пред поаѓањето на возот. Меѓутоа полицијата потоа издаде наредба да се евакуираат сите перони – изјавил портпаролот на Чешката железница, Радка Писториусова.

По два часа сообраќајот повторно се нормализирал.

Според чешките закони за лажна анонимна дојава за подметната бомба се добива казна затвор до осум години.