Свет Свет Во пожари во Австралија повредени двајца пожарникари

Во пожари во Австралија повредени двајца пожарникари

Најмалку двајца пожарникари се повредени, а 19 куќи се уништени за викендот во пожарите кои ја зафатија австралиската држава Нов Јужен Велс.

Повеќе од 2.500 лица се бореле со 100 пожари ширум Нов Јужен Велс, додека температурите во одредени делови на земјата достигнувала и до 47 Целзиусови степени.

Пожарите, како што оценуваат локалните власти, се предизвикани од сувите и жешки северозападни ветрови од правецот на австралиската пустина, кои дувале со брзина од 75 километри на час.

Шумските пожари се чести во Австралија во текот на летната сезона.

Во пожарите во 2009 година кои ја зафатија државата Викторија настрадаа 173 лица, а уништени беа повеќе од 2.000 куќи.