Свет Свет Во пожар во Пакистан загинаа 11 лица, 75 се повредени

Во пожар во Пакистан загинаа 11 лица, 75 се повредени

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 75 се повредени во голем пожар кој изби во хотел во пакистанскиот град Карачи.

Како што пренесуваат светските медиуми, пожарот се случил во хотелска кујна, а причината за избивањето уште не е позната.

Помеѓу загинатите има и странски државјани, а поголемиот дел од повредените се префрлени во болница со повреди на екстремитетите откако скокнале од прозорците за да се спасат.

Најмалку 30 лица се во критична состојба, а според наводите на властите, се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми.