Свет Свет Во пожар во болница во Русија починаа 23 лица

Во пожар во болница во Русија починаа 23 лица

Најмлаку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во пожар кој избувнал во болница за невролошки заболувања во рускиот регион Вороњеж, во централна Русија, јавија руските медиуми.

„Раша тудеј“ пренесува дека во моментот на избувнување на пожарот, во зградата биле повеќе од 70 лица, односно пациенти и медицински персонал. Од нив, 53 биле евакуирани од зградата за време на пожарот, каде се срушил дел од покривот.

Како што пишуваат медиумите, оганот зафатил околу 200 квадратни метри болнички простор.