Свет Свет Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња

Во пожар во болница во Багдад настрадаа 12 бебиња, соопшти портпаролот на ирачкото Министерство за здравство, пренесуваат светските медиуми.

Портпаролот Ахмед ал-Рудаини изјави дека пожарот избил ноќта меѓу вторникот и средата во породилиштето на болницата Јармук во западниот дел на Багдад.

Според неговите зборови, првата проценка е дека до пожарот дошло поради неисправна инсталација.