Свет Свет Во пожар во автобус загинале 14 лица во Кина

Во пожар во автобус загинале 14 лица во Кина

Во пожар во автобус, во Северна Кина загинале 14 лица, а повеќе од 30 биле повредени. Полицијата трага по едно лице кое е осомничено за таа несреќа, соопштија властите.

Инцидентот се случил во Јинчуан околу 7 часот по локално време. Причината за пожарот сè уште се истражува.

Изминатите години во Кина се случиле повеќе сериозни пожари во автобуси, за кои се виновни лица кои се ментално нестабилни или сакаат лична одмазда.

Минатата година, 35-годишен маж е погубен бидејќи запалил автобус во градот Хагзо во јули 2014 година, при што биле повредени 33 лица.