Хроника Во пожар оштетени две возила

Во пожар оштетени две возила

Вчераутро во пожар биле оштетени две возила, во подземните гаражи на улицата Франклин Рузвелт, соопшти денеска полицијата. Станува збор за автомобили, марка „опел вектра“ и „форд фиеста“.

Случајот околу 8 часот во полиција го пријавил сопственикот на возилата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната бригада, а причината за настанувањето на пожарот и материјалната штета ќе бидат дополнително утврдени, информираат од МВР.