Македонија Во последното деноноќие се регистрирани 142 нови случаи на Ковид-19, седум лица...

Во последното деноноќие се регистрирани 142 нови случаи на Ковид-19, седум лица починале

фото: Mufid Majnun / Unsplash

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.046 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на Ковид-19. Најголем дел од новозаразените се од Скопје – 79, Битола – 26, Прилеп и Охрид – по 7. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 28 реинфекции.

Во последното деноноќие се регистрирани и 105 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа починале 4 лица – две лица од Скопје на возраст од 64 и 85 години, и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Велес (58г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица – две од Скопје и едно од Тетово.

Бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.381.