Македонија Во последното деноноќие два случаја на напад на жени од сегашен или...

Во последното деноноќие два случаја на напад на жени од сегашен или поранешен партнер

Ноќеска, 35-годишна жена приајвила дека на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг. Вчера пак, жена во Карпош била нападната од поранешниот сопруг

Photo by Maxim Hopman on Unsplash

Два случаја во кои жени биле нападнати од своите сегашни или поранешни партнери се регистрирани во полицискиот билтен во изминатово деноноќие.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), ноќеска во 1 часот по полноќ во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н., кој употребил и тврд предмет.

Вчера пак, во 14 часот и 10 минути во СВР Скопје, 52-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Т.С. од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаја, велат од МВР.