Свет Свет Во поплавите во Тексас загинаа 16 лица

Во поплавите во Тексас загинаа 16 лица

Најмалку 16 лица загинаа при поплавите што го зафатија Тексас.
Американските медиуми јавија дека меѓу жрвите се и девет војници, кои загинале кога камионот со кој патувале бил одвлечен од надојдените води во близина на воената база Форт Худ. Несреќата ја преживеале тројца војници.
Изминативе денови поплави зафатија повеќе региони на централниот и на јужниот дел на САД, а во многу окрузи прекината е и дистрибуцијата на електрична енергија.
Од поплави најтешко е погодена државта Тексас, каде надојдените води оштетија стотици куќи. Од попалвените подрачја беа евакуирани неколку илајди луѓе, вклучително и осудениците од три затвори.