Свет Свет Во Перу запленети 1.300 килограми дрога и уапсени 17 лица

Во Перу запленети 1.300 килограми дрога и уапсени 17 лица

Полицијата во Перу запленила 1.3оо килограми кокаин во контејнер во пристаниште во близина на Лима и уапсила 17 лица.

Групата криумчари ја предводел Мексиканец, а била финансирана од Бразилец, соопшти полицијата и додаде дека дрогата ја пронашле обучени кучиња.

Дрогата требало да биде префрлена во Мексико и оттаму во САД со помош на мексиканскиот нарко-картел Синалоа, соопштија властите во Перу.

Апсењата истовремено се спроведени во неколку перуански градови, а меѓу уапсените е и Бразилецот Нелсон Добинс Робељо, локално познат криумчар.

Перуанските нарко-картели се меѓу најголемите производители на кокаин со 400 тони дрога годишно и со приход од 8,5 милијарди долари.