Дописници Во Охрид се одржува напредна школа на НАТО за справување со ИД

Во Охрид се одржува напредна школа на НАТО за справување со ИД

Педесетина учесници од безбедносните сектори на Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и на Црна Гора од денеска до петок учествуваат на напредна школа на НАТО на тема „Борба против активностите на ИД за радикализација преку сајбер-просторот во регионот на Југоисточна Европа“.

На отворањето на школата, која се одржува во Охрид, прв говореше министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Според програмата, треба да бидат разгледани глобалните трендови во однос на употребата на сајбер-просторот и технологиите од страна на ИД, а ќе се анализира и регионалната соработка помеѓу учесниците од НАТО и земјите од Партнерството за мир.

Коорганизатори се Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје и Бугарската академија на науките од Софија.