Дописници Во Охрид се одржува 43. Меѓународна научна конференција за македонски јазик

Во Охрид се одржува 43. Меѓународна научна конференција за македонски јазик

Во рамките на 49. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, со учество на бројни странски и македонски слависти, македонисти и балканисти, денеска и утре во Охрид  се одржува 43. Меѓународна научна конференција.

Двете носечки теми се „70 години од првите книги за деца на македонски јазик“ и „Непреводливото во преводот“.

Меѓународниот семинар за македонски јазик почна на 11 јуни, а на него учествуваат околу 80 стипендисти од Канада, Финска, Естонија, Франција, Словенија, Србија, Хрватска, Романија, Унгарија, Руска Федерација, Чешка Република, Полска, Украина, Австрија, Романија, Азербејџан, Кина и од Германија.

Оваа своевидна меѓнародна школа годинава има три значајни јубилеи, 1.100-годишнината од смртта на св. Климент Охридски, основоположник на Охридската книжевна школа, 70 години од објавувањето на првата граматика на современиот македонски јазик и 70 години од објавувањето на првите книги за деца на современ македонски јазик.