Свет Свет Во Њу Џерси експлодирал сомнителен пакет, пронајдени уште четири

Во Њу Џерси експлодирал сомнителен пакет, пронајдени уште четири

Сомнителен пакет кој е пронајден на железничка станица во Њу Џерси експлодирал за време на истрагата на специјалните полициски сили.

Како што јавуваат светските медиуми, не се работело за контролирана експлозија.

Властите соопштија дека до детонацијата дошло при обидот за деактивирање на експлозивната направа, која се наоѓала во ранец и е една од петте направи пронајдени за време на истрагата.

Две лица го забележале пакетот во канта за отпадоци, го извадиле мислејќи дека има нешто вредно, пред да ги видат цевката и жиците.

Тие потоа го оставиле пакетот и ја алармирале полицијата, која на местото испратила дрон за да може од воздух да ја сними ситуацијата за надлежните да можат да проценат колку е сериозна.