Свет Во напади на Боко харам, убиени 80 лица во Нигерија

Во напади на Боко харам, убиени 80 лица во Нигерија

Најмалку 80 лица се убиени во повеќе напади на Боко харам во североисточниот нигериски град Маидугури, првпат по неколку месеци.

Во самоубиствен напад, убиени се 30 лица, а според зборовите на очевидци, две жени активирале експолозив на пазар во близина на автобуска станица.

Во друг напад во текот на ноќта, најмалку 30 лица се убиени, а повеќе од 90 се повредени, додека уште 20 лица се убиени во бомбашки напад на џамија, изјави координаторот на агенцијата за вонредни ситуации, Мухамед Канар.

Во последните шест години во напади на Боко харам, убиени се речиси 20.000 луѓе.

Нигерискиот претседател Мухамед Бухари во четвртокот изјави дека Нигерија „технички победила во војната“ со Боко харам, додавајќи дека таа група не може веќе да изведува конвенционални напади на безбедносните сили.