Свет Свет Во напад на училиште во Сирија, загинале 33 лица

Во напад на училиште во Сирија, загинале 33 лица

Најмалку 33 лица денеска загинаа во сириската провинција Рака откако коалицијата предводена од САД бомбардираше училиште, кое се користело како центар за раселени, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

– Засега можеме да потврдиме дека се убиени 33 лица, бегалци од Рака, Алепо и од Хомс – соопштија од опсерваторијата.

Нападот е извршен јужно од градот Ал Мансура, во провинцијата Рака, кој е под контрола на Исламска држава.