Свет Во напад на предградие на Дамаск загинаа 27 лица

Во напад на предградие на Дамаск загинаа 27 лица

Силите на сирискиот претседател Башар ел-Асад користеле таканаречени слоновски ракети во нападот на Доума, предградие на Дамаск, убивајќи најмалку 27 лица, соопштија активистите.

Ракетите, кои го добиле името по посебниот звук кој го прават при лансирање, се импровизирано оружје кое се прави така што на многу поголеми бомби се поставуваат ракетни мотори. Ова ја зголемува нивната деструктивност, но се губи прецизноста и се ограничува дометот.

Повеќе од 60 лица, вклучувајќи и многу деца се повредени во нападот.

Доума, кое е упориште на бунтовниците, веќе три години е мета на силите на Асад.