Свет Балкан Во напад на бомбаш самоубиец во Турција, 18 лица загинаа, а 26...

Во напад на бомбаш самоубиец во Турција, 18 лица загинаа, а 26 се ранети

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави во Истанбул дека во експлозија на автомобил бомба на југоистокот на Турција загинале 18 лица, а 26 се ранети.

Тој го осуди нападот и нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот.

– Нападот го изврши бомбаш самоубиец кој крена во воздух комби со пет тони експлозив во близина на воен пункт – изјавил Јилдирим.

Во нападот кој се случил во покраината Хакари биле ранети 10 војници и 16 цивили.