Македонија Во МВР само 20 отсто жени, во војската помалку – (инфографик)

Во МВР само 20 отсто жени, во војската помалку – (инфографик)

Дваесет отсто од вработените во МВР и 40 отсто од администрацијата во Министерството за одбрана се жени, покажуваат податоците на двете министерства, но дамите се многу помалку застапени во униформираната полиција и во војската.

Во МВР во 2018 година само 13 отсто од учесниците во основната обука за полицаец биле жени, покажуваат податоците на Министерството.


Во Армијата жените се различно застапени во различни категории. Најбројни се меѓу цивилните лица на служба во војската, каде се застапени со 38 отсто. Од офицерите, 13 отсто се жени, 11 отсто во подофицерскиот кор и само 5 отсто од професионалните војници.

Подобра е родовата застапеност во Воената академија, каде секој трет питомец е дама.

Жените се и една третина од учесниците во обуките на Армијата во 2018 година, а во тој период биле и една десетина од учесниците во мисии надвор од земјава.

Според податоците на Министерството за информатичко општество и администрација, жените во 2018 година сочинувале 54 отсто од вработените во јавниот сектор, но без припадниците на полицијата, војската и разузнавачите.