Македонија Во меѓуградскиот превоз ќе биде дозволена исполнетост до 75 отсто од вкупниот...

Во меѓуградскиот превоз ќе биде дозволена исполнетост до 75 отсто од вкупниот капацитет

Наместо исполнетост до 50 отсто, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница по предлогот на Комисијата за заразни болести, во врска со протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници.

Мета.мк континурано ја следи ситуацијата со јавниот превоз во Скопје, но и низ целата држава. Последните написи се однесуваат на загубите во скопскиот јавен превоз и на ЈСП-Скопје кои се последица од пандемијата со корона вирусот. Претходно Мета.мк утврди дека во изминативе три децении, навиките за патување на македонските граѓани значајно се промениле. Наместо со возови и автобуси како што се патува низ цела Европа, нашата земја е меѓу ретките во која такси-превозот пополека постанува главно средство за превоз во меѓуградскиот превоз.