Главна секција Во Мала Речица сè уште трае состанокот на Ахмети со потпретседателите

Во Мала Речица сè уште трае состанокот на Ахмети со потпретседателите

Состанокот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со четворицата потпретседатели на партијата, Садула Дураку, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта, сè уште трае во седиштето на ДУИ во Мала Речица. И вечерва бројни новинарски екипи исчекуваат резултати од разговорот зад затворени врати, а засега нема никакви информации за јавноста за тоа како течат преговорите.

Досега не е свикан состанок на централното претседателство на ДУИ, што говори дека, најверојатно, врвот на ДУИ сè уште не е подготвен да излезе пред највисокото раководно тело.

Инаку, партијата треба да донесе одлука дали ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја формираат новата влада.

Состанокот почна некаде по 13 часот, откако во седиштето влегоа четворицата потпретседатели на партијата, Садула Дураку, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта.

Портпаролот на партијата, Бујар Османи, тогаш рече дека не се работи за никакви поголеми формални состаноци, туку за редовни партиски средби. И потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, пред да влезе во партиското седиште, накусо изјави дека се работи за редовни партиски состаноци.