Дописници Во мај во Охрид најбројни биле туристите од Турција

Во мај во Охрид најбројни биле туристите од Турција

Гостите од Турција ѝ дадоа печат на претсезоната во Охрид. Во мај, најголем бил бројот на туристи од оваа земја, што се случува првпат досега.

Веднаш по турските туристи, следуваат оние од  Србија, Бугарија и од Грција, кои во мај, исто така, во голем број го посетиле Охрид.

Во овој период е забележано зголемување на бројот на посетителите што доаѓаат од азиските земји, пред сè, од Јужна Кореја, за кои Охрид е незаобиколна дестинација, во рамките на балканската рута.

Бројот на домашните туристи во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, е зголемен за 1,4 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 6,7 проценти.