Свет Европа Во лавината на француските Алпи досега има тројца загинати

Во лавината на француските Алпи досега има тројца загинати

Бројот на загинати во лавината што се случи во скијачки центар на француските Алпи се искачи на три лица. Загинати се двајца средношколци и еден турист од Украина.

Меѓу повредените се и еден ученик и професорот што ги придружувал учениците, а сè уште трае потрагата по уште пет други.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, им изрази искрено сочувство на блиските на жртвите и најави дека министерот за образование ќе отпатува во Лион за да изрази поддршка на школската заедница и на семејствата.