Хроника Во куќа на гостиварец, најдени 12 стебла марихуана

Во куќа на гостиварец, најдени 12 стебла марихуана

Екипа на гостварската полиција вчера, по наредба на судија на претходна постапка, извршила претрес во домот на 34-годишниот Д.С., каде пронашла вкупно 12 стебла канабис сатива (марихуана).

Како што информираат од полицијата, при претресот, една од саксиите со марихуана била најдена во бањата, додека другите 11, полицајците ги пронашле во дворот од куќата.

Стеблата марихуана биле подигнати од екипа на крим-техника за ппонатамошно вештачење, а Д.С. бил уапсен и приведен во полициската станица во Гостивар.

По целосното документирање на случајот, против гостиварецот ќе биде поднесена кривична пријава, велат од полицијата.