Економија Во Крива Паланка се подготвува проект за гасификација на градот

Во Крива Паланка се подготвува проект за гасификација на градот

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска остварил работна средба со претставник на украинската амбасада, Валериј Михаљски, на која се разговарало за процесот на гасификација.

„Мицевски заедно со стручните лица од општинската администрација и Михаљски разговараа за можностите за партнерство и инвестиции во процесот на гасификација на општината. На средбата беше потенцирано дека Општина Крива Паланка е една од првите општини во државата, која во процесот на гасификација може да влезе со спремна технична документација и со веќе поставена мерна станица, а во моментот се доработува и инфраструктурниот проект“, се вели во соопштението од општината.