Македонија Во ковид центрите се лекуваат 514 пациенти, има слободни 740 празни болнички...

Во ковид центрите се лекуваат 514 пациенти, има слободни 740 празни болнички кревети

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 514 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 40 пациенти, во Прилеп 26, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациенти, во Кочани 12, во Кичево 9, Кавадарци 11, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 203 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 54 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 70 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19 вирусот.

Вкупно 203 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 180 слободни места.