Македонија Во ковид-центрите низ земјава се лекуваат 209 пациенти, има слободни 480 болнички...

Во ковид-центрите низ земјава се лекуваат 209 пациенти, има слободни 480 болнички кревети

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 209 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 134 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 16 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 13 болни, а во Куманово 24 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 20 пациенти, во Прилеп 10, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 9 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево 4 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 75 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 14 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38 пациенти.

Вкупно 75 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 78 слободни места во скопските ковид-центри, информираат од Министерството за здравство.