Свет Балкан Во Косово за сега отстранета е само барикадата на граничниот премин „Мердаре“

Во Косово за сега отстранета е само барикадата на граничниот премин „Мердаре“

Блокадите поставени на северот на Косово; Фото: Мета.мк

Барикадите поставени од косовските Срби во северниот дел на Косово сѐ уште не се отстранети и покрај постигнатиот политички договор меѓу Србија и Косово, а отстранета беше само барикадата на граничниот премин „Мердаре“ на истокот на Косово, јави српската телевизија „Нова“.

Според нејзиниот дописник, патот кој води од српското гратче Куршумлија до „Мердаре“ пред две ноќи беше затворен од група Срби на отприлика два километра пред граничниот премин, а потоа официјално го затвори и ковоската полиција. Препладнево сообраќајот повторно профункционира.

Но, вкупно 14 блокади на северот на Косово не се отстранети и стојат веќе 20-тина дена, откога беа поставени.

Рано утрово беше соопштенот дека изгореле кабините на двата камиона на барикадата во Косовска Митровица, недалеку од местото Дудин крш, на мостот преку кој од градот се оди по магистралниот пат кон Приштина.

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти по разговорите со косовските Срби дека отстранувањето на барикадите на северот може да потрае и 48 часа.

Последните блокади, што почнаа пред 20-на дена беа израз на протест против апсењето на тројца Срби, доскорешни припадници на косовската полиција, коишто беа обвинети за напад на полицијата и наводни „терористички дела“.