Свет Во Калифорнија се излеале 80.000 литри нафта

Во Калифорнија се излеале 80.000 литри нафта

Во океанот во близина на брегот во Калифорнија, се излеале околу 80.000 литри нафта откако пукнала цевка на локалниот нафтовод.

Истекувањето се случило вчера попладне на брегот кај Санта Барбара и засега не е познато каков тип нафта истекла од нафтоводот.

На површината на морето сега има нафтена дамка долга шет и пол километри, широка педесетина метри, изјави портпаролката на крајбрежната стража, Андреа Андерсон.

Според неа, за цевките е одговорна компанијата „Плејнс ол американ“, која веќе почнала со чистење, а плажата Рефугио е затворена.